За Здружението ИНИ

mb 625Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци е формирано во мај 2002 година. Мисијата на организацијата е процес на партнерска работа со заедницата за препознавање и активно користење на нејзините ресурси во областите на образованието, животната средина, здравјето, економијата и доброто владеење со цел, развој и спроведување на одржливи програми за подобро утре на заедницата.    Во тек на 15 годишното постоење, повеќе од 800 деца, младинци и возрасни имаат поминато обуки за странски јазици (Англиски, Германски, Италијански, Грчки), повеќе од 200 курсисти се стекнаа со знаења во областа на информатиката, повеќе од  60 млади обучени се за раководење со проектен циклус, 40 младинци поминаа обука за ПЕЕР едукатори во областа на болести на зависност и сексуално преносливи болести. Изработен е Локален еколошки акционен план за животна средина, Локални акциони планови за здравство на општина Виница. Членови сме на мрежата на медиуми и НВО во борба против корупцијата, и сојузот на здруженија за подобрување на животот на жителите во источен плански регион. Претставниците на ИНИ  редовно се дел од експертски групи во креирањето на стратегии, планови и други прашања од областите на делување на организацијата.

 

 

donatori

 

 

civica

 

crven krst

 

cup

 

2 EU