Завршени проекти

pm 450a

 

И ние имаме права (2019)

Проектот  има за цел да се активира стратешкото партнерство со институциите на локално ниво (Виница и Кочани) за да се подобри образовната инклузија на децата Роми, пред се со детектирање на трудовата експлоатација, дискриминација и насилство на кои се изложени децата Роми, и да даде придонес во намалување на наведените состојби.  Прочитај повеќе...

                                                       

Граѓанинот е вистинскиот инспектор (2019)

Главна цел на проектот „Граѓанинот е вистинскиот инспектор“ е намалување на бројот на повреди на работничките права, промоција на истите, отварање на дебата помеѓу засегнатите страни како и зголемување на видливоста на проблемот со прекршување на работничките права.

Недовербата на работниците во Трудовиот инспекторат е многу мала, што се гледа од фактот дека за 2,5 години до  Трудовиот инспекторат се поднесени 1153 претставки а до Хелсиншки комитет 8892 претставки.

Истражувањето за состојбите со работничките права во источен плански регион за период 2017 – 2019 година можете да го погледате овде или да го преземете овде.

Базата на податоци за состојбите со работничките права во источен плански регион за период 2017 – 2019 година можете да ја преземете овде.         

 

Транспарентно владеење (2018 – 2019)

Проектот има за  цел, зајакнување на концептот на отворени податоци на општините од источен плански регион и овозможување на медиумите, стручната јавност и други заинтересирани групи употреба на цврсти факти од областа на јавните набавки.

Транспарентноста, отчетноста и интегритетот на јавните набавки се основни принципи на ЈН, и на тој начин се унапредува конкуренцијата и се зголемува  ефикасноста во трошењето на јавните пари а во исто време се намалува корупцијата.

Истражувањето на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на општините од источен регион во јавните набавки, се изврши според 31 критериум и индикатори за мерење на нивото на институционално остварување на овие три принципа во трошењето на јавните пари. Со истражувањето се опфатени сите фази на јавните набавки, и оние кои не се формално дел од законот за јавни набавки но се дел од циклусот на јавните набавки и од нивното спроведување зависи ефикасноста на јавните набавки.

Истражувањето, рангирањето и анализата за транспарентноста, отчетноста и интегритетот на општините од источен регион за 2017 година можете да го погледате овде или да го преземете овде.

Истражувањето, рангирањето и анализата за транспарентноста, отчетноста и интегритетот на општините од источен регион за 2018 година можете да го погледате овде или да го преземете овде.

Базата на податоци за транспарентноста, отчетноста и интегритетот на општините од источен регион во јавните набавки за 2017, можете да ја преземете овде.

Базата на податоци за транспарентноста, отчетноста и интегритетот на општините од источен регион во јавните набавки за 2018, можете да ја преземете овде.

 

За подобар живот (2017 – 2018 )

Проектот се фокусира на старите лица, кај кои е видлива потребата од палијативна грижа но и генерациско приближување и наоѓање на свое место во секојдневното живеење. Ова ја наметнува потребата од организиран пристап во надминување на ваквите предизвици кои ќе бидат преточени во локални акциски планови со цел стратешки пристап и унапредување на квалитетот на живеење на оваа целна група во општините Виница и Македонска Каменица. Целта на проектот е подобрување на квалитетот на живеење на старите лица.

Проектот го спроведува Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница , во рамки регионалниот проект „Преземање на акција за социјална вклученост на старите лица“ спроведуван од Црвен Крст на Република Макединија и здружението „Хуманост“, а е финансиран од ЕУ и Австриската агенција за развој

 

Единиците на локалните самоуправи им припаѓаат на даночните обврзници ( 2017 – 2018 )

Проектот се фокусира на воспоставување на мониторинг индикатори за добро управување на локално ниво (Виница, Чешиново-Облешево, Зрновци, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово), со усвојување на упатсвата на Европската Унија, поточно СИГМА стандардите. Ќе биде воспоставена нова рамка на стандарди и индикатори за мониторинг на локално ниво, која понатаму ќе биде користена за следење на работата на ЕЛС.

Главната цел на проектот е воспоставување на функционална мрежа на граѓански организации во регионите во Република Македонија која ќе послужи во процесот на мониторинг и евалуација на локалните самоуправи на еден стандардизиран начин што ќе има посилен ефект врз администрацијата на локалните самоуправи, а и на политиките на централно и национално ниво. Локалните самоуправи да имаат единствена листа на стандарди за повеќе области кои ќе ги следат заради обезбедување на подобри услуги кон граѓаните, поголема транспарентност и ефикасност во управувањето.

Проектот го спроведува Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница, во рамки на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ спроведуван од Центар за управување со промени Скопје, а финансиски подржан од Делегацијата на ЕУ, преку ИПА програмата „Структурна подршка на граѓанското општество и Медиуми 2015.

Програма за енергетска ефикасност на Општина Виница ( 2017- 2018 )

Со развојот на програмата за енергетска ефикасност на општина Виница  ќе се визиуелизира среднорочна одржлива стратегија со одреден план за постигнување еколошки и економски цели. Главна цел на Општинската програма за енергртска ефикасност ( ОПЕЕ) е да се намали потрошувачката на енергија во објектите под општинска надлежност и уличното осветлување, со што позитивно ќе влијае врз локалните економски состојби и намалувањето на буџетските трошоци.

Покрај ова, спроведувањето на  ОПЕЕ  ќе придонесе за намалување на загубите на енергија, подобрување на конфорот во училишните згради и градинките, подобрување на осветленоста на улиците и ќе придонесе за намалување на емисиите на штетни гасови во атмосферата.

Проектот го спроведува Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница со финансиска подршка од ЕЛС Виница.

Партнерство за добро владеење ( 2017 )

Со проектот ќе се зајакне концептот на отворени податоци на регионално ниво и ќе им се овозможи на медиумите, НВО, стручната јавност и други заинтересирани групи употреба на цврсти факти од областа на економијата и финансиите, квалитетот на живот, здравството и животната средина, зајакнувајќи ја нивната контролна улога.

Проектот ќе придонесе за поквалитетно новинарство засновано на факти, изградено оперативно партнерство меѓу НВО и медиумите, креирани десетици бази на податоци и создавање на ресурси за истражувачко новинарство и подобро информирани граѓани за важни прашања при носењето на одлуки.

Проектот се спроведува во рамките на проектот Истражувачко новинарство за поттикнување на реформи спроведуван од Центар за граќански комуникации во соработка со НВО Инфоцентар Скопје и БИРН Македонија, финансиран од Европската Унија преку IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014.

Зајакнување на цивилното општество преку  градење на капацитетите – Обука за раководење со проектен циклус (2013)

Со реализација на овој проектот, се обучија 40 млади лица, претставници од месните заедници и младите од  Општина Виница за Раководење со проектен циклус. Зајакнувајќи ги своите капацитети младите подготвија 5 проекти кои беа предложени на советот на општина Виница.                                                                                  

Проектот  го спроведе Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница со финансиска подршка од ЕЛС Виница.

 

Проект за транспарентно владеење ( 2009 – 2010 )

Со проектот се развија механизми за зголемување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на ЕЛС Виница, потикнувајќи поголемо учество на граѓаните и локалната бизнис заедница во процесот на донесување одлуки и размена на најдобри практики и искуства помеѓу општините во земјата и регионот. На почетокот на проектот се детектираа слабостите со длабинско истражување и актуелните практики во општините, се изработија серија на препораки за преземање на конкретни мерки за унапредување на работењето и се разменуваа најдобри практики помеѓу 13 општини.

Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница го спроведуваше проектот во општина Виница, под раководство на НВО Инфоцентар во партнерство со Центарот за граѓански Комуникации од Скопје и ЕХО Штип, а финансиские подржан од програмата за развојни грантови на УСАИД.

 

Подигање на свеста кај младите за штетноста од алкохолот и цигарите ( 2009 )

Во Рамките на овој проект беа обучени 16 млади ПИЕР едукатор, кои спроведоа врсничка едукација во СОУ Ванчо Прке – Виница. Со едукацијата беа опфатени вкупно 740 средношколци, и беа спроведени 37 предавања на тема Алкохол и Пушење.                                                                               

Проектот  го спроведе Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница во рамките на проектот „Младите во процесот на застапување на локално ниво“ спроведуван од Коалиција на младински НВОи „СЕГА“, а финансиски е подржан од The Balkan Trust for democracy.

 

Еднакви образовни можности за децата Роми ( 2006 – 2009)

Во рамките на овој проект активностите беа насочени кон семејствата на 143 Ромски деца ученици во ОУ С.Стојменски од Виница, а со учениците имавме ограничени активности од екстракурикуларен карактер. Главна цел на проектот да се обезбедат еднакви образовни можности за децата Роми, Подобрување на успехот и зголемена редовност во наставата, како и подигање на свеста и каопацитетот на Ромските семејства за образование на нивните деца. Спроведивме серија на работилници за родители Роми од различни област: Важност и право на образование, конфликти и разрешување на истите, вештини и техники на комуникација, родова еднаквост, семејно насилство, малолетнички бракови, девијатни однесувања, заразни болести, хигиена итн.                                                                                                                     

Проектот го спроведуваше Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница, а е финансиски подржан од ФИООМ.

 

Проект за изработка на „Локални акциони планови за здравство на ЕЛС Виница и регионален акционен план на Источен плански регион ( 2008 )

Со овој проект се изврши детерминација на потребите и здравствените ризици на ниво на општините и регионот кои имаат влијание на квалитетот на животот, се идентификуваа проблемите и приоритетите во здравствената заштита и се развија плановите и активностите за спроведување на зацртаните цели. Се детерминираа индикатои врз основа на кои ќе се оценува напредокот на зацртаните цели и задачи, како и остварување на правата и потребите кои произлегоа од децентрализацијата и зајакнување на здравствената инфраструктура на локално и регионално ниво.                                           

Проектот го спроведуваше Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница, под раководство на на ЕХО Штип, а е финансиски подржан од Balkan Trust for democracy.

 

Социјална инклузија на Ромите во општина Виница ( 2005 )

Проектните активностите во рамки на овој проект беа насочени кон 22 Ромски деца од предшколска возраст и нивните родители од општина Виница. Општа цел на проектот е вклучување на Ромските деца во образовниот процес. Специфичните цели на проектот се : подигање на свеста за подобро родителство, да се изгради основа кај децата која ќе биде поттикнувачка во развојот на личните потенцијали, да се отвори светот на можности и да се потикне успешна комуникација во Ромското семејство и во односите со институциите.                                                                                         

Проектот го спроведуваше Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница, а е финансиски подржан од ФИООМ.

 

Компјутерска обука за лица со телесен инвалидитет и Роми        ( 2005 )

Проектот овозможи 24 лица (по 12 од секоја група) да се стекнат со комјутерски вештини ( Windows,  Word, Exel, Internet, Power point ), и истите да бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Курсистите поминаа 40 часовна обука за компјутерски вештини.                                                                                               

Проектот го спроведуваше Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница, а е финансиски подржан од ФИООМ.

 

Изработка на Локален акционен план за животна средина ( 2004 – 2005)

Проектот овозможи да се дефинираат, проценат и постават проблемите за животната средина во општина Виница. Се развија стратегии и активности за намалување на ризиците. Воспоставена е структура помеѓу општествените чинители на локално ниво, зголемена е јавната свест за прашања поврзани со животната средина, сездадени се услови и локални капацитети за привлекување и реализирање на идни инвестиции и подобрен е квалитетот на живеење. Во рамки на проектот се изврши регулирање на коритото на Р.Градечка во должина од 600 м.                                                               

Проектот го спроведуваше Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница во партнерство со општина Виница, во рамките на проектот за изработка на ЛЕАП спроведуван од Регионалниот центар за животна средина – РЕЦ, а е финансиски подржан од Шведската агенција за меѓународен развој – SIDA.

 

Опремување на библиотека со компјутерска и јазична литература ( 2004 )

Во рамките на овој проект Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница се опреми со компјутерска  литература и литература за англиски, германски, италијански и грчки јазик ( сите степени) со финансиска помош од LGRP.

 

Изградба  на  простапна рампа за телесни инвалиди ( 2003 )

Членовите на Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница во соработка со Здружението на жени „ Златно доба “ од Виница, ЕЛС Виница, волонтери на Мировниот корпус, ЈП „Солидарност“ и бизнис секторот спроведоа заедничка акција, и изградија пристапна рампа за лица со телесен инвалидитет во ЕЛС Виница.

 

Информативен работен клуб ( 2003 )

Со овој проект на Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница се опремени 3 училници и 1 канцеларија со мебел и столчиња за изведување на настава, две училници за 12 лица и една за 20 лица. Исто така здружението беше опремено и со техничка опрема ( 7 компјутери, принтер, скенер, копир, ЛЦД проектор, ТВ и ДВД. Во рамките на проектот 30 невработени лица  се здробија со компјутерски вештини ( (Windows, Word, Exel, Internet, Pover Point), и 24 лица се здобија со знаења од Англиски јазик два степена.  Проектот го спроведуваше Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница, а е финансиски подржан од USAID – CSHI.

Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница во тек на наредните години продолжи да организира курсеви за странски јазици ( Англиски, Германски, Италијански, Грчки ) и компјутерски вештини за сите возрасти. Курсевите ги имаат поминато повеќе од 800 лица.                      

donatori

 

 

civica

 

crven krst

 

cup

 

2 EU