Тековни проекти

pm 450

За подобар живот (2017 – 2018 )

Проектот се фокусира на старите лица, кај кои е видлива потребата од палијативна грижа но и генерациско приближување и наоѓање на свое место во секојдневното живеење. Ова ја наметнува потребата од организиран пристап во надминување на ваквите предизвици кои ќе бидат преточени во локални акциски планови со цел стратешки пристап и унапредување на квалитетот на живеење на оваа целна група во општините Виница и Македонска Каменица. Целта на проектот е подобрување на квалитетот на живеење на старите лица.

Проектот го спроведува Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница , во рамки регионалниот проект „Преземање на акција за социјална вклученост на старите лица“ спроведуван од Црвен Крст на Република Макединија и здружението „Хуманост“, а е финансиран од ЕУ и Австриската агенција за развој

 

Единиците на локалните самоуправи им припаѓаат на даночните обврзници ( 2017 – 2018 )

Проектот се фокусира на воспоставување на мониторинг индикатори за добро управување на локално ниво (Виница, Чешиново-Облешево, Зрновци, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово), со усвојување на упатсвата на Европската Унија, поточно СИГМА стандардите. Ќе биде воспоставена нова рамка на стандарди и индикатори за мониторинг на локално ниво, која понатаму ќе биде користена за следење на работата на ЕЛС.

Главната цел на проектот е воспоставување на функционална мрежа на граѓански организации во регионите во Република Македонија која ќе послужи во процесот на мониторинг и евалуација на локалните самоуправи на еден стандардизиран начин што ќе има посилен ефект врз администрацијата на локалните самоуправи, а и на политиките на централно и национално ниво. Локалните самоуправи да имаат единствена листа на стандарди за повеќе области кои ќе ги следат заради обезбедување на подобри услуги кон граѓаните, поголема транспарентност и ефикасност во управувањето.

Проектот го спроведува Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница, во рамки на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ спроведуван од Центар за управување со промени Скопје, а финансиски подржан од Делегацијата на ЕУ, преку ИПА програмата „Структурна подршка на граѓанското општество и Медиуми 2015.

 

Програма за енергетска ефикасност на Општина Виница ( 2017- 2018 )

Со развојот на програмата за енергетска ефикасност на општина Виница  ќе се визиуелизира среднорочна одржлива стратегија со одреден план за постигнување еколошки и економски цели. Главна цел на Општинската програма за енергртска ефикасност ( ОПЕЕ) е да се намали потрошувачката на енергија во објектите под општинска надлежност и уличното осветлување, со што позитивно ќе влијае врз локалните економски состојби и намалувањето на буџетските трошоци.

Покрај ова, спроведувањето на  ОПЕЕ  ќе придонесе за намалување на загубите на енергија, подобрување на конфорот во училишните згради и градинките, подобрување на осветленоста на улиците и ќе придонесе за намалување на емисиите на штетни гасови во атмосферата.

Проектот го спроведува Здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница со финансиска подршка од ЕЛС Виница.

 

Партнерство за добро владеење ( 2017 )

Со проектот ќе се зајакне концептот на отворени податоци на регионално ниво и ќе им се овозможи на медиумите, НВО, стручната јавност и други заинтересирани групи употреба на цврсти факти од областа на економијата и финансиите, квалитетот на живот, здравството и животната средина, зајакнувајќи ја нивната контролна улога.

Проектот ќе придонесе за поквалитетно новинарство засновано на факти, изградено оперативно партнерство меѓу НВО и медиумите, креирани десетици бази на податоци и создавање на ресурси за истражувачко новинарство и подобро информирани граѓани за важни прашања при носењето на одлуки.

Проектот се спроведува во рамките на проектот Истражувачко новинарство за поттикнување на реформи спроведуван од Центар за граќански комуникации во соработка со НВО Инфоцентар Скопје и БИРН Македонија, финансиран од Европската Унија преку IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014.

donatori

 

 

civica

 

crven krst

 

cup

 

2 EU