Сојуз за подобрување на животот на жителите во источен плански регион

Сојузот е доброволен, непрофитен, непартиски и самостоен сојуз на граѓански организации формиран на неопределено време за остварување на целите во области кои се важни за месните/урбаните заедници.

Сојузот е основан од Здружението „Иницијатива на невработени интелектуаци“  - ИНИ од Виница, Здружение „Владимирски илинденски средби“ с.Владимирово – Берово, Здружение на граѓани МЗР с.Ратево – Берово, „Здружение за подобрување на квалитетот на живот во Месна заедница Блатец“ с.Блатец – Виница, и  „Здружение за подобрување на квалитетот на живот во Месна заедница Јакимово“ с.Јакимово – Виница.

Основната цел на Сојузот на здруженија за подобрување на животот на жителите во Источен плански регион, Виница е овозможување на најдобар квалитет на живот на жителите во Источен плански регион на Р.Македонија.

Правен застапник на Сојузот на здруженија со овластување согласно статут е Тодор Цонев претседател на Здружението ИНИ Виница.

donatori

 

 

civica

 

crven krst

 

cup

 

2 EU