И ние имаме права (2019)

И ние имаме права (2019)

Проектот  има за цел да се активира стратешкото партнерство со институциите на локално ниво (Виница и Кочани) за да се подобри образовната инклузија на децата Роми, пред се со детектирање на трудовата експлоатација, дискриминација и насилство на кои се изложени децата Роми, и да даде придонес во намалување на наведените состојби.                                                                                                                                                           

Со акцијата се опфатени различни целни групи, како Основните училишта, ЕЛС, Простветните инспектори, Центрите за социјални работи и ромските семејства од Виница и Кочани.   Специфични цели на проектот се а) подигнување на свеста  и зголемена информираност на ромските семејства, б) јакнење на капацитетите на одговорните институции и в) застапување пред локланите властви преку изработка на краток документ за политика.

 Се очекува акцијата да  допринесе кон остварување на следните резултати: 

  • Изготвена детална и сеопфата анализа за состојбата на децата Роми кои се трудово експлоатирани, дискриминирани или жртрви на разни форми на насилство во Општина Виница и Кочани
  • Изготвен извештај од мониторинг на локални институции за проблемското подрачје во двете општини
  • Зголемена поддршка и знаење на 40 родители Роми за трудова експлоатација и дискриминација
  •  Зајакнати капацитети на јавните локалните институции (20 претставници)за дискриминација и трудова експлоатација  
  •  Зајакната соработка помеѓу локалните институции во двете општини што ќе придонесе системски да се решава проблемот со дискриминација, трудова експлоатација и разни облици на насилство врз деца Роми.
  •  Подигната свест и зголемена информираност на населението за спречување на дискриминација, насилството и трудова експлоатација на децата Роми преку промотивна кампања
  • Застапување до локалните власти со изработен краток документ за политика(Policy brief) во насока на креирање на локален акционен планови
  •  Намалена дискриминација и трудова експлоатација на децата Роми во училиштата со што ќе се зголеми образовната инклузија на деца Роми во Општина Виница и Кочани
  • Изработен прирачник/брошура која ќе биде потсетник и водич за унапредување на положбата на децата Роми кој ќе биде прифатен и дистрибуиран  до локаните  институцииво двете општини                                                                                                                                      

Проектот го спроведува здружението „Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница во партнерство со здружението „Авен“а од Кочани. Овој проект е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени: ,,Препознај, почитувај и остварувај права" финансиран од ЕУ, а спроведуван од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта.

Публикацијата од истражувањето можете да ја преземете овде. Краткиот документ за политика можете да го преземете овде.

 

donatori

 

 

civica

 

crven krst

 

cup

 

2 EU